Земјотрес во Грција ја стресе и Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес на 19.11.2018 година во 05:47 часот регистрираше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 км. југоисточно од Скопјe, во соседна Република Грција.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4.2, а беше почувствуван од населението во јужните делови од републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.