Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска од жителите во Скопје.
Земјотресот од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска, е регистриран 5 декември 2020 година, 4 минути по полноќ, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML1.9.