Земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала, најсилeн во последните 20 години ја погоди Јужна Калифорнија, објавија сеизмолозите. Засега нема непосредни извештаи за повредени.
Eпицентарот на земјотресот бил во близина на градот Риџерст, кој се наоѓа на 240 километри североисточно од Лос Анџелес, соопшти Институтот за геолошкото истражување на САД.
Пред два дена во истиот регион имаше земјотресот со јачина од 6,4 степени. Сеизмолозите велат дека по потресот на 4 јули имало 1700 помали земјотреси. Земјотресот на 4 јули предизвикал оштетување на згради и патишта, а имало и помали повреди кај луѓето во Риџерст, во кој живеат близу 30 илјади жители.