Земјотрес е регистриран во Грција

Земјотрес со јачина од 4,5 степени ја погоди грчката провинција Тесалија, јавија грчките медиуми.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри на околу 22 километри југозападно од островот Скијатос во Егејското Море и на околу 108 километри северо-северозападно од градот Перистери, соопшти Националната опсерваторија на грчкиот геодинамички институт.

Засега нема информации за материјални штети, повредени или други последици од земјотресот.

Пронајдете не на следниве мрежи: