ЗЕМЈОТРЕС НА ОСТРОВОТ ФИЏИ

Пацифичкиот остров Фиџи во 3 часот и 50 минути по локално време го стресе земјотрес со јачина од 8,1 степени по Рихтеровата скала

На 123 километри југоисточно од островот Фиџи на длабочина од 669 километри се почувствувал силен земјотрес, јавува американскиот Геолошки институт. Информации за загинати и повредени за сега сеуште нема, освен што земјотресот ги разбудил и испаничил жителите.

 

 

За среќа нема ниту информации за можно цунами во регионот.