Земјотрес од 5 степени ја погоди Австралија

Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југозападниот дел на Австралија.
Како што соопшти Американскиот геолошки институт, земјотресот се случил на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар во близина на езерото Мјур во сојузната држава Западна Австралија.


Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не е проглаесна ниту опасност за можна појава на цунами.
Потресот со помал интензитет бил почувствуван на оддалеченост и до 150 километри од местото на епицентарот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.