Забележан е денеска нов скок на цената на златото. Неговата вредност достигна 1.809 долари, што е највисоко ниво од 2011 година. И само денеска е раст од 5 проценти.
Одредени инвеститори се водени од оптимизам во поглед на потенцијалното економско опоравување и се чини дека затоа се зголемени вложувањата.
Истовремено стравот од втор бран на коронавирусот, е се поприсутен помеѓу инвеститорите, што ги тера дел од своите средства да ги стават на сигурно односно да ги претворат во злато. Растот на годишно ниво на цената на златото затоа се приближи до 20 проценти. Што е мошне добра заработивачка за оние кои своите пари ги инвестирале во него.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.