Студентите сместени во студентскиот дом ,,Стив Наумов”, се згрозени и исплашени од змијата која слободно се шета во мензата на домот, објави Скопје 1.
Револтирано прашуваат како може ова да се случи во сред Скопје и тоа во установа каде престојуваат.
Никој не знае како ова се случило, но одамна се алармира дека и на други места се движат овие опасни животни. Дел, вината ја префрлаат на негрижата за градот и високите неискосени треви.