Зоранчо ЕЗИМИТ призна вина во случајот ИМПЕРИЈА за перење пари, злоупотреба на службена должност…

Еден бизнисмен призна вина на провото рочиште за „Империја“, друг ќе докажува дека е невин, додека третиот бараше и доби одложување на судењето за да разлисли дали е виновен. Сопственикот на компанијата „Езимит“, Зоранчо Митревски посочи дека чувствува вина за делата кои му се ставаат на товар. Сопственикот на „Пелистерка“, Цветан Панделески и пред судот кажа дека не е виновен. Берзанскиот брокер Јованче Тасковски на следното рочиште ќе се произнесе за вина.

Зоранчо ЕЗИМИТ призна вина во случајот ИМПЕРИЈА за перење пари, злоупотреба на службена должност…

„Злоупотреба на службена положба и овластување се чувствувам виновен. За перење пари и други приноси се чувствувам виновен. Признанието го давам доброволно, не сум присилен, здравствената состојба ми е одлична“, кажа бизнисменот Зоранчо Митревски, сопственик на „Езимит“.

Панделески, не призна вина, а ниту го разбрал обвинението.

„Обвинението не можам да го разберам, не се чувствувам виновен. Со оглед дека многу адвокати и правници не можат да го разберат, не барајте од мене, економист да го разберам. Таму пишува по претходни договори, за кои не е наведен настан, време, место“, кажа Панделевски.

Беше побарана пауза, по која, се бараше одложување на рочиштето.

„Се консултирав со клиентот. Условно кажано тој се двоуми да признае вина, но и да не признае вина. Поради тоа што се работи за специфичен кривично правен настан. На клиентот му кажав дека има трошоци на постапка, а тој не може да ги покрие. На Тасковски му треба временски период, за тоа да се консултира со своите членови на семејството“, кажа Мерџан Даути, адвокат на Тасковски.

Судијката Васка Николовска-Масевска дозволи одлагање на рочиштето.

„Се дозовлува одлагање“, кажа судијката.

Од 19 лица, кои беа опфатени во предистражната постапка, само овие тројца осомничени ќе ја докажуваат невиноста пред суд. Панделески се гони за злоупотреба на службената положба, перење пари и измама. Митревски се гони за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за перење пари. Брокерот Тасковски се гони за овие две дела, како и за измама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.