Зошто Coca-Cola од McDonald’s има поинаков вкус од онаа купена во маркет?

Повеќето луѓе мислат дека Coca-Cola од McDonald’s има многу подобар вкус од купената во продавница, и слично. Дали знаете зошто е тоа?

Имено, постојат два фактора што влијаат на подобрувањето на вкусот: контејнерите во кои се чува и видот на сламките. Овие две компании соработуваат од 1955 година и вложуваат максимални напори клиентите да бидат што позадоволни.
Сирупот и газираната вода во Coca-Cola од McDonald’s не се од претходно измешани. Овие две состојки се чуваат посебно и се спојуваат додека се истураат од славината, што резултира со посвеж вкус.

McDonald’s, исто така, се грижи нивото на сирупот да биде стандардизирано, па во една мала Coca-Cola има 40 грама шеќер. Исто така, се внимава на тоа мразот што се топи да не влијае на нивото на шеќер. Сирупот е претходно изладен, што значи дека напитокот подолго ќе биде газиран.
Водата што се користи за мешање на сирупот се одржува на ладна температура благодарение на изолираните цевки. За складирање на сирупот се користат контејнери направени од челик, а не пластични кеси како во повеќето други ресторани. За поголема карбонизација се користат широки сламки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.