Астра/Зенека“ е четвртата вакцина достапна за граѓаните ширум светот покрај американско-германската „Фајзер/Бионтек“, руската „Спутник V“ и кинеската „Синофарм“.
Aстра/Зенека има ефикасност од 76 проценти во првите три месеци од примањето на првата доза, а поголема ефикасност по примањето на втората доза, покажаа резултатите од истражувањата.
Резултатите од студиите, објавени на почетокот на месецот, ја поддржуваат одлуката на Велика Британија да го продолжи временскиот интервал помеѓу двете дози на 12 недели, беше соопштено од Универзитетот Оксфорд, кој ја разви оваа вакцина.
Велика Британија одлучи да вакцинира што е можно повеќе луѓе со првата доза со цел да се добие барем некоја заштита од вирусот, а Астра/Зенека го поздрави овој потег, тврдејќи дека продолжувањето на интервалот помеѓу двете дози е најдобрата стратегија.
Резултатите од клиничките испитувања на учесници на возраст меѓу 18 и 55 години во Велика Британија, Бразил и Јужна Африка покажаа дека ефективноста на вакцината од 22-риот до 90-тиот ден по примањето на првата доза е 76% и дека заштитата не слабее во период од три месеци, тврдат академиците од Оксфорд.
Ако втората доза се прими по 12 или повеќе недели, ефикасност ана вакцината се искачува на 82,4 проценти. Ако втората доза сее прими за помалку од шест недели по првата доза, ефикасноста е 54,9 проценти.