Дали и вие сте родител кој на првата капка дожд го прибира детето дома? Имате чувство дека времето честопати ви го менува планот за шетање?
Ова се 10 причини ЗА детето да остане надвор дури и кога врне:
1. На дечињата не им пречи дождот. Познавате дете кое само одбило излегување или проштека само поради малку дожд? Сигурно не.
2. Затоа што дождовните наметки и гумени чизми може да бидат весели и шарени.
3. Затоа што дожд може да паѓа повеќе од 200 дена во годината, па тоа не значи дека половина година треба да ја преседи детето дома.
4. Затоа што сме сосема генетски прилагодени на „киснењето“ и ако соодветно се преоблечеме и исушиме потоа, нема огромни шанси да се разболиме.
5. Затоа што така и возрасните ќе си го држат нормалниот тек на секојдневието, без да паѓаат во анскиозна состојба затоа што надвор врне.
6. Затоа што играњето со вода е извор на радост за малечките, а има и докажана психотерапевтска улога.
7. Затоа што децата кои си играат на дожд се помалку размазени во други непредвидени ситуации.
8. Затоа што вирчето со вода е фантастично место за експерименти и креативност.
9. Затоа што детето треба да научи да ја цени природата заедно со сите нејзини природни појави.
10. Затоа што го учите дека е отпорно и способно да се заштити, односно му ја зајакнување самодовербата.