Верувале или не, овој проблем се повеќе ги мачи и младите луѓе, а не само оние кои имаат семејство.
Кога станува збор за балансирање на работата и приватниот живот, обично се мисли на луѓето кои имаат семејство. Сепак, новите истражувања од Универзитетот во Мичиген, откриле дека истиот проблем го имаат и жените и мажите кои се сингл! Недостатокот на време за себе и работите во кои уживаат, можат да бидат главна причина за стрес, што доведува до незадоволство во кариерата и целиот начин на живот.
Ова особено влијае на луѓето во раните дваесетти години, кои само што почнале да работат, а одеднаш мора да се соочат со драстичен недостаток на слободно време, најмногу поради работата која баш и не ги воодушевува. Над сето ова, за младите и оние кои се сингл никогаш нема разбирање за заминување порано од работа или за земање на слободен ден.
Лидерите на оваа студија укажуваат на тоа дека на оние кои се сингл треба да им се даде можност да посветат дел од своето време за вршење на други работи, без страв дека тоа ќе влијае на нивната продуктивност. Напротив, тоа всушност може да им го зголеми нивото на среќата, а со тоа и успехот во бизнисот!
Сепак, од студијата до практичната примена долг е патот, но убаво е барем некој да се позанимава со ова!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.