ЗОШТО ЖЕНИТЕ ГИ ИЗНЕВЕРУВААТ МАЖИТЕ !? Една медицинска сестра ги откри сите валкани тајни

Зошто жените одлучуваат да изневеруваат ? Преовладува мислењето дека мажите изневеруваат почесто од жените, дека за нив прељубата е чисто физичка работа, додека жените се повеќе склони да влегуваат во афери во потрага по љубов. Но, дали е навистина така ?

Логично е да се заклучи дека човек изневерува затоа што е несреќен во врската, партнерот не му посветува доволно внимание, можеби не добива доволно „акција“… Ова се причините кои најчесто се наведуваат како причина за нивното неверство. Дека не е така лесно да се направи, не е лесно да го лажеш партнерот и да ја сокриеш аферата, открија жените кои искрено на форум кажаа на какви трикови користат. Овој пат седум жени во анонимна анкета на полскиот веб-портал Cluber открија што ги поттикнало да направат прељуба. Ова се нивните објаснувања…

Трагедија во Македонија: 90-годишен маж го загубил животот во пожар
Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) Тетово информира за трагичен настан што се случил во село Стримница, општина Желино. Во текот на ноќта, …
Сиљановска Давкова го честита 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука: Историски важен датум за Албанците, но и за македонската држава
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на aлбанската азбука.„22 ноември е историски важен датум за Албанците, но и …

1.) Недоволно романтика и „акција“

„Мојот сопруг воде љубов со мене само еднаш месечно и не сака да биде романтичен. Сепак, нашите деца не би прифатиле лесно развод, па…“, изјавила 43-годишната учителка која е во брак 20 години. 

2.) Врска на далечина

„Бев во врска на далечина скоро четири години. Бевме многу млади и немавме многу пари, па се гледавме само четири до седум пати годишно. Последната година од нашата врска беше ужасна, а кога дојде во градот, забележав дека цело време им праќа пораки на други девојки. Не верував дека може да помине цела година без секс, па претпоставував дека ме изневерува, а потоа почнав и јас да превземам апликации за запознавање. Одев на многу состаноци, а на крајот од нашата врска спиев со еден дечко затоа што чувствував дека сè е готово помеѓу мене и моето момче. Сега, гледајќи наназад, жалам што премногу се плашев да го изгубам и немав сила да ја прекинам врската кога почнав да сфаќам дека ме изневерува“, изјавила 25-годишната маркетинг експерт.

3.) Забранетото е повозбудливо и послатко

„Не изневерувам затоа што сум несреќна. Всушност, многу сум среќна во мојата врска. Понекогаш се чувствувам како да не го изневерувам моето момче како другите. Знам дека звучи како да се обидувам да барам изговори. Знам дека тоа е неморално и тоа е моја вина, но вистината е дека кога изневерувам, само си ги задоволувам сопствените желби. Не го навредувам партнерот, не се обидувам да му се одмаздам ​​или го надополнувам она што ми недостасува во врската. Само сакам да имам врски и го правам тоа. Ова е слепа себичност што ми дозволува да ги ставам моите чувства над неговите, но не сакам да го повредам. Сакам да водам љубов со различни луѓе. И да, пред да прашате, јас и дечко ми сè уште имаме фантастични интимни односи. Ништо не ни недостига во таа сфера. Изневерувањето не ме натера да го сакам дечко ми помалку. Ваквите интимни врски се нервозни, проникнати со страв да не бидам фатена, но и прават да се чувствувам сосема поинаку“, вели 26-годишната медицинска сестра.

4.) Пијанство и недостаток на внимание

„Спонтаноста на моментот. Бев пијана, а дечко ми беше многу ладен кон мене некое време. Не ми обрнуваше доволно внимание, не се чувствував пожелна“, открила друга девојка, 24-годишна извршна асистентка.

5.) Лоши интимни односи

„Не се чувствував емотивно задоволна во моите врски“, рекола 45-годишна менаџерка.

6.) Одмазда и бес

„Одмазда. Бев млада (25 години) и знаев дека нашата врска веќе е при крај. Тој почна да ме изневерува, а јас со сите сили се обидов да поправам сè. Но, за жал, тој не мрдна со прст да ни ја спаси врската. Цело време ме лажеше и не му беше гајле што ќе се случи потоа. Бев лута на него па го изневерив. Две недели подоцна се иселив од неговиот стан. Така, по оваа случка не зажалив за ништо. Ова беше прв и единствен пат да изневерам некого“, објаснила 42-годишната наставничка.

7.) Комбинација од депресија и алкохол

„Бев депресивна и под стрес, па ми препишаа антидепресиви. Почнав да излегувам повеќе и да пијам повеќе, бидејќи се уште чувствував преголем притисок дома… Работев цела смена, се грижев за децата, се грижев за куќата и плаќајќи ги сметките, мојот сопруг поголемиот дел од слободното време го поминуваше како што му одговара, префрлајќи ги сите домашни обврски на мене. И покрај бројните разговори, расправии и раскинувања, ништо не се смени. Антидепресивите ми дадоа нова енергија, почнав да трошам повеќе време надвор од куќата, други мажи ми обрнуваа внимание, јас се повеќе заборавав на мојата одговорност и често се опијанував додека не ги заборавив сите проблеми. Завршив во врска и подоцна ми беше дијагностицирано биполарно растројство… Сепак, ова не можеше да го ‘оживее’ мојот 18-годишен брак“, објаснила 43-годишна шалтерска работничка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.