Зошто имаме желба за кофеин?

Кофеинот е метилксантин кој е присутен во чајот и во кафето и претставува стимулативно средство кое денес се користи низ целиот свет. Меѓутоа дали сте знаеле дека фактотот дали ќе бидете зависници од кофеин зависи од вашите гени.
Научниците идентификувале два гена кои се поврзани со количината на кофеин која ја консумираат луѓето. И двата гена се поврзани со со разложувањето на кофеинот во црниот дроб.
Ова е една од главните причини заради кои многу луѓе консумираат големи количини кофеин, тие се способни за поголема толеранција на кофеин во организмот.
Додека и црниот дроб и мозокот влијаат на консумацијата на кофеинот, сепак се покажало дека црниот дроб во поголема мера ја определува потребата за внесување на дневната доза кофеин. Можеби ќе помислите дека пиете кофеин за да се чувствувате подобро, но тоа е определено од брзината на разложување на кофеинот во црниот дроб. Ако оваа реакција е побрза, тогаш организмот ќе чувствува поголема потреба за внесување на кофеин.
 
Мала количина кофеин влијае на подобрување на концентрацијата, но премногу кофеин може да доведе до проблеми со концентрација, да предизвика проблеми со сонот и несоница и дури и да предизвика халуцинации.
Научниците испитале 47000 луѓе, ги скенирале нивните гени и ги прашувале прашања за тоа колку кафе, чај, газирани сокови и чоколада внесуваат дневно.
 Идентификувани се два гена кои се поврзани со внесување на кофеинот. Секој човек ги има овие гени, но кај некои луѓе постојат варијации кои се многу поактивни од друггите. Луѓето со најактивни верзии од овие гени внесувале речиси двојно повеќе кофеин од луѓето кои имале понеактивна форма на овие гени.
Овие гени се поврзани и со разложувањето на многу хемикалии, особено на карциногените. Научниците исто така истражуваат дали луѓето кои не внесуваат воопшто кофеин имаат специфични варијации од овие гени.
Сепак, кофеинот има корисни влијанија, и секако како и со се друго, не треба да се претерува со неговото внесување.
 Кофеинот е метилксантин кој е присутен во чајот и во кафето и претставува стимулативно средство кое денес се користи н

Пронајдете не на следниве мрежи: