Колку и да се прекрасни и фини со нас, мажите сепак не се совршени. И ние исто така. Да, момците можат да бидат симпатични, драги, забавни… велиме можат, зошто реално,не сите и не секогаш се такви. Некои се себични, нарцисоидни и со стотина други пропратни лоши особини. За разлика на тоа, сепак, кучињата имаат некои квалитети нетипични за луѓето и им недостасува огромен дел од нашите најголеми недостатоци. На пример тие не можат да зборуваат со нас,и затоа, наместо да не маѓепсаат со сомнителни зборови, прават се што е во нивна моќ за да ја покажат љубовта преку дејства.
1. Кучињата ги сакаат вашите пријателки
Се дружат добро со секоја од нив, не се обидуваат да ве свртат против неа и ниту да ги ограничат вашите контакти. Напротив се радуваат на вашите пријателки, без да постои опасност да се одлучат дека ја сакаат повеќе од вас.
2.Кучињата се чувствуваат виновни за грешките
Кученцата се чувствуваат лошо после секоја направена беља. Ја подвиткува опашката, ги спушта ушите, ја лепи муцката за подот, ви го испраќа најмилиот поглед на светот …
3.Кучињата не креваат скандали за доцнење
Им недостигате им од првата секунда во која сте излегле. Но, колку подоцна се вратите, толку поентузијастички ќе бидете пречекани со целата нивна посветеност.
4. Кучињата не изгледаат лошо утро
Тие секогаш се такви какви што ги сакате и нема како да ве стресат со несредениот изглед.
5. Кучињата сакаат да се гушкаат
Кучињата за разлика од повеќе мажи сакаат гушкање, без други намери. И никогаш нема да ви кажат дека ги задушувате со телото додека спијат.
6.Кучињата не изневеруваат
Кога ќе влезете во домот со куче, бидете сигурно дека единственото кое ќе ве пречека е љубовта кон вас и мафтањето со опашката од среќа и возбуда. Во никој случај немора да се грижите дека ќе го фатите со некоја друга.
7. Кучињата никогаш не се жалат на вашите кулинарски способности
Што и да им направите, различно од сувата храна, ќе биде веднаш изедено, чинијата ќе биде излижана и веројатно ќе го добиете познатиот нежен поглед кој моли за уште.
8. Кучињата не се заинтересирани за вашата тежина
Тие не се грижат за тоа како изгледате. Приврзани се кон вас и колку повеќе килограми тежите, толку повеќе килограми ќе има за нив да сакаат.
10. Кучињата си доаѓаат на 4 нозе, но не се пијани
Или барем досега не сме слушнале за таков случај. Покрај тоа, тие немаат навика да водат пријатели дома за пиво и натпревар.
11. Кучињата не се жалат, ако тропате додека спијат
Кучето никогаш нема да се пожали дека сте го разбудиле, најмногу што може да направат е да станат и да побараат да си играте.
12. Со кучето нема да се карате за далечинскиот
Со кучето никогаш нема да имате проблем околу фудбалски натпревар или вашата омилена серија, тој ќе ви прави друштво што и да гледате.
13.Кучињата користат само две чинии за храна
Една за храна и една за вода. Односно, нема опасност да го затрупаат целиот дом со неизмиени чинии, чаши и полупразни шишиња.
14. Кучињата нема да се налутат ако постојано не ја докажувате љубовта
Да, се разбира, ако зависи од него, ќе треба да им се радувате постојано. Но, во случај да не го правите тоа, нема да ве прогонуваат со мрчење и анализи на вашите односи.
15.Кучињата не се караат и признаваат кога се љубоморни
Тие не се расправаат со вас, и не се вообразуваат дека се комптенти за сите прашања. Што се однесува до љубомората, јасно ви го покажуваат тоа, кога ќе се обидете да си поиграте со друго кученце или кога не му обрнувате внимание. Колку и да се прекрасни и фини со нас, мажите сепак не се совршени. И ние исто така. Да, момците можат да бидат симпат