Србија во последните три дена ја потресоа неколку траедии. По крвавиот масакр во училиштето во Врачар, каде 13 годишно момче уби девет лица, уште една трагедија се случи во училиштето „Руѓер Бошковиќ“, во која поранешен уеник со нож повредил ученик и професорка.
Во неговата потрага учествувале околу 600 полицајци. По девет часа го пронашле. Утрово бил уапсен, а приведено е и целото негово семејство. На социјалните мрежи се појавија видеа од лицето У.Б. кое додека се капе во ледено езеро, рече дека се чувствува како Кристијан Голубовиќ во млади години.
Голубовиќ е поранешен затвореник кој му бил пример на У.Б. Убиецот од Крагуевац се дружел и со бившиот член од шоуто „Задруга“, а објавувал и заеднички фотографии на „Инстаграм“.
Сега Голубовиќ се јави и прашува зошто сите го посочуваат него, кога тој не направил ништо.
„Зошто тој убиец повикува на мене, зошто зборува дека е малиот Кристијан, па кого сум убил јас во животот? Вели дека сум му идол, па 300.000 луѓе и деца дневно се сликаат и зборуваат дека сум им идол, но никој не извлекол пиштол да убие некого“, рече Кристијан Голубовиќ.
Тој не сакаше детално да ја коментира ситуацијата, бидејќи неговата невенчана сопруга Кристина Спалевиќ е длабоко потресена и вознемирена. Со неа има и четиримесечен син Константин.