Сега, експертите од Кралскиот колеџ во Лондон открија десетици други делови од нашата ДНК кои влијаат на метаболизмот, кој игра клучна улога во губењето килограми. Ова е втора студија за краток временски период што доведе до овој заклучок.
Познато е дека дебелината го зголемува ризикот од неколку состојби, вклучувајќи рак, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. За студијата, истражувачите зеле примероци од крв од речиси 9.000 доброволци. Откритие кое би можело значително да го промени пристапот кон решавање на проблемите со дебелеењето.
Експертите велат дека откритието би можело да ја промени перцепцијата за дебелината со тоа што ќе им дозволи да смислат планови за исхрана кои се поприлагодени на нечии гени.
Зајакнувањето на вашиот метаболизам преку поактивен животен стил се смета за клучен метод за губење на тежината. Д-р Масимо Мангино, генетичар, исто така вклучен во истражувањето, рече дека резултатите би можеле да помогнат да се смени начинот на кој се третира прекумерната дебелина.
„Дебелината е една од најчестите состојби, а сепак треба да разбереме многу повеќе за нејзините биолошки механизми“, рече тој.
„Нашите најнови откритија можеби ќе помогнат да се откријат некои од нив. Генетските студии ветуваат дека ќе ни помогнат да најдеме нови третмани за дебелината. Со анализа на сложените односи меѓу различните гени, имаме одлична можност да направиме пресврт во борбата против оваа состојба.“