Сигурно би биле пресреќни кога би можеле неколку недели да не користите никакви апарати за стилизирање на косата, туку само природно да ја оставите да се исуши, нели? Меѓутоа, изгледа дека тоа не е баш најдобра идеја, бидејќи така можете да ја оштетите косата повеќе отколку да ја сушите со фен.
Експертот за коса, Тим Мор, вели дека косата може значајно да ја оштетите, доколку предолго време ви е мокра. Причината за тоа е кортексот, односно средниот слој на косата, кој е одговорен за начинот на кој паѓаат влакната. Тој трпи дополнително оптеретување кога косата подолго време е мокра, па така може да дојде и до двојно повеќе губење на косата.
Мор, за “Yahoo” изјавил и дека влагата го забрзува пукањето на врвовите, бидејќи додека косата е мокра, таа е лишена од сите природни масла и токму поради тоа е изложена на поголема можност за оштетувања.
Наместо природното сушење, Мор препорачува сушење со фен на најниска температура и избегнување на максимална температура на било кој уред за стилизирање на косата.