Произведувачите гарантираат безгрижно користење и консумирање на сладоледот од кутијата, но кога ќе се испразни, задолжително мора да заврши во канта за ѓубре.
Ако секое лето правите залихи од пластични канчиња од сладоледи и во нив чувате сирење, кашкавал или каква било храна што останала, тогаш оваа грешка може да ве чини здравје.
Повторната употреба на кутиите од сладоледите носи многубројни опасности, поради видот на пластиката.
Празните пластични кутии од сладолед може да пренесат хемикалии на намирниците, предупредуваат стручните лица.
Опасноста дополнително се зголемува кога кутиите ќе ги исплакнете со врела вода или ќе ставите топла храна, па се нагризува пластиката и дополнително се поттикнува ширењето на хемикалиите.
Знаеме дека ова е евтина и практична навика, но на долг рок повеќе ви се исплати да се снабдите со соодветни садови од пластика за повеќе употреби или пак стаклени садови.