Зошто некои луѓе се дебелеат, а други не?

Како и зошто се дебелееме? И зошто некои луѓе се дебелеат брзо и тешко слабеат, додека други не се дебелеат и без проблеми си симнуваат вишокот килограми ако воопшто ги „качат“?
Има едноставен и комплициран одговор, а и двата се точни. Едноставниот е: многу јадете, малку или воопшто не вежбате. Внесени и потрошени калории, така?
Иако ова звучи како премногу едноставно објаснување, има голема вистина во него. Ретко ќе најдете луѓе со прекумерна телесна тежина во земји од третиот свет каде има недостиг на храна.
Исто така, луѓето кои се многу физички активни во текот на целиот живот немаат склоност да таложат масни наслаги. Најчесто, луѓето кои не се дебелеат (повеќе од просечната тежина за нивната градба) често пешачат и не јадат големи количества на индустриски преработена храна.
Но, има и комплицирана верзија на причините за дебелеењето, а експертите од Gravity Transformation – Fat Loss Experts на научно издржан начин го објаснуваат тоа:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.