Има руски војници кои од благородни причини се борат градот Бахмут да го задржи украинската страна. Тие зборуваа за Си-Ен-Ен, но анонимно.
Војник во украинска униформа намуртено размислува над урнатините на православниот манастир во областа Доњецк во источна Украина. Тој вели дека како христијанин тоа е многу навредливо за него.
„Ова е резултат на војната на Путин“, рече тој налутено за Си-Ен-Ен, додека минува низ урнатините.
Војникот, чие име Си-Ен-Ен се согласи да не го објавува за да го заштити неговиот идентитет, е еден од стотиците, ако не и илјадници, кои се борат да го задржат градот Бахмут, сегашниот епицентар на војната, во украински раце. Но, има една работа што го издвојува од повеќето кои ја делат истата цел – тој е Русин.
– Од првиот ден на војната, моето срце, срцето на вистински Русин, вистински христијанин, ми кажа дека морам да бидам тука за да го бранам народот на Украина, објаснува тој.
– По (руската) мобилизација (во септември), Путин ги стави сите свои сили (на Бахмут) за да дојде до пресврт во војната, но ние водиме жестока одбранбена борба, вели војникот.
Голем дел од украинските сили на отпорот мораа да се згрчат во калливи ровови за да им ја ускратат победата на руските сили што толку очајно ја посакуваа.
Иако имал порив да се пријави се појави на почетокот на конфликтот, тој се приклучи на украинската армија во текот на летото. Тој вели дека тоа бил многу тежок процес.
– Ми требаа неколку месеци за конечно да се приклучам во редовите на бранителите на Украина, изјави тој за Си-Ен-Ен.
Сега со своето семејство во Украина, тој вели дека е еден од околу 200 руски државјани кои моментално се борат заедно со украинските сили против армиите на нивната земја. Си-Ен-Ен не можеше да го потврди овој број.
Според овој војник, московските сили не се вистински Руси.
– Да, ги убивам моите сонародници, но тие станаа криминалци, објаснува тој. – Тие дојдоа во туѓа земја да ограбуваат, убиваат и уништуваат. Убиваат цивили, деца и жен“, додава тој.
Тој е противник на „тиранскиот режим“ на чело со рускиот претседател Владимир Путин, не само во Украина, туку и во својата земја.
Војникот тврди дека морал да убие најмалку 15 руски војници на бојното поле. Тоа се животи за кои не жали и убиства за кои не се кае.
– Водам благородна борба и ја извршувам мојата воена и христијанска должност, вели тој.
Друг руски војник, чие име, исто така, не го открива Си-Ен-Ен поради негова безбедност, бил во посета на Украина кога руските ракети и артилериски гранати почнаа да слетуваат во нејзините градови на 24 февруари.
– Дојдов во Украина на почетокот на февруари да ги посетам моите роднини. Останав овде и почна војната, вели тој.
Тој вели дека ѝ се придружил на украинската армија набргу откако видел злосторства извршени од руски војници во предградијата Буча, Ирпин и Бородинка, недалеку од главниот град на Украина, Киев.
Доказите за масовни гробници и цивилни егзекуции во тие области се појавија по повлекувањето на руските сили од регионот на Киев на почетокот на април.
– Мртви тела, деца, жени, егзекуции… Кога ќе го видите тоа лично… се разбира, сè внатре во стомакот ми се преврте, вели тој.
Неговото семејство, како и многумина во Русија и Украина, има корени во двете земји.
Неговата сопруга и двете деца сега живеат со него во Украина, но другите роднини останале во Русија.
Според неговата приказна, иако останале, ја сфаќаат пропагандата на Путин за војната, која Кремљ продолжува да ја опишува како „специјална воена операција“.
– Тие разбираат што се случува – Русија ја нападна Украина, вели тој, додавајќи дека неговите роднини не му се лутиле.