Зошто по неколку години во брак партнерите се однесуваат како цимери?

Разликите меѓу двојките кои само што ја почнале врската и оние кои се заедно со години, се големи, но и двете страни би имале многу што да научат од другите.
Двојките кои долго време се заедно забораваат како е да се биде заљубен и почнуваат да се земаат „здраво за готово“, а тоа со себе носи и други тешкотии.
Партнерите кои долго време се во врска велат дека е тешко да се одржи искрата на страст во врската и дека ако се случи и двајцата партнери да не се доволно заинтересирани, да почнат да се однесуваат еден кон друг како цимери.
„По 10 години заедно, можно е да се однесувате како да сте само цимери кои делат стан и да немате фокус на страста и слични работи. Станувате партнери во животот и се фокусирате на некои други работи, а заборавате доста работи поради кои сте ја почнале врската“, вели терапевтот за двојки Курт Смит.
Не е реалистично да очекувате дека секој ден во врската или во бракот ќе ви бидат магични и како во бајка. Многу е веројатно дека ќе има денови кога ќе ви биде здодевно, но ако тоа ви стане нормално и секојдневие, тогаш тоа значи дека со партнерот сте почнале да се земате здраво за готово.


„Можеби сте влегле во рутина и одбегнувате соочување со проблемот. Обидете се да го зачините вашиот заеднички живот, бидете поспонтани, или ако тоа не ви успева, бидете многу организирани и планирајте: прошетки, излети, кино, пешачење, спортување, патувања… Разговарајте за работите за кои досега сте се плашеле да разговарате. Овие работи ќе ве извадат од рутина, за почеток, и ќе ја отворат комуникацијата за решавање на проблемот“, вели Тина Тесина, психијатар.
Секс-терапевтите истакнуваат дека често им доаѓаат двојки со проблеми како што е недостиг на секс во долга врска и нагласуваат дека ова е сосема нормална работа.
„Ова се чести ситуации, но она што е важно е дали имате желба да се вратите на вистинскиот пат и да продолжите да го градите односот со партнерот во сексуален контекст. Секако дека вашите односи со тек на време ќе се сменат, но е многу важно да се утврди дали уште имате желба еден за друг. Ако имате, другото се решава“, вели Смит и додава дека тоа е една од темите на кои треба најискрено да разговарате со партнерот.
Во брак често се менуваат приоритетите на секој од партнерите и на двајцата како пар, па семејството доаѓа на прво место, или кариерата и заработката за подобар живот.
„Многу двојки ги жртвуваат своите индивидуални соништа за да ја одржат стабилноста во градењето на врската и семејството. Но, по 10 години ќе сфатат дека не постигнале сѐ што сакале и најчесто се обвинуваат себе си или партнерот и тоа прераснува во фрустрација што ја бива желбата за интимност“, вели Смит.


Во првите неколку години од бракот имате повеќе трпение за партнерот, но тоа се намалува со годините. Ако на почетокот сте премолчувале некои работи или сте ги простувале „престапите“ и полесно ви поминувала лутината, по 10 години не е така.
„Кога и ако се случи ова, обидете се да се сетите дека вие и вашиот партнер сте на иста страна и дека играте за истиот тим. Претпоставете дека прават најдобро и најмногу што можат и дека се трудат, па обидете се да не реагирате нервозно, цинично, или најлошо – гневно“, вели Смит.
Кога сте на почеток на врската, постојано барате причини за прослава и сакате да ги одбележувате моментите – месечнини, годишнини, родендени, празници… Но, со тек на време ентузијазмот спласнува и прославите се сѐ поретки и помалку спектакуларни.
„Одбележувањата и прославите значат дека уште ви значи другиот и дека ви значи вашата врска. Ако тоа почне да се губи по некое време, тоа може а и не мора да значи дека не ви е дојдено до врската и партнерот како некогаш. Во секој случај, потрудете се да организирате специјални вечери, излегувања, викенди и патувања, со или без повод, за да си покажувате колку си значите еден на друг“, советува Смит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.