Многу возачи сметаат дека е сосема во ред да имаат зимски гуми на предната осовина, а летни на задната осовина. Дали е тоа безбедно?
Доколку сте внимателен возач, висококвалитетни “All-Season” гуми би можеле да ја завршат работата на зима, но само доколку живеете на место каде што нема многу врнежи на снег.
Сепак, јасно е дека во зимски услови нема подобар избор на зимски гуми. Поради тоа, треба да се избегнува „заштедата“ со тоа што ќе монтирате само два пара на зимски гуми.
Кога на предната осовина имате зимски, а на задната летни гуми, со тоа се создава дисбаланс меѓу осовините. При праволиниско движење најчесто нема да има проблеми, но при возење во кривини ќе има проблеми. Дури и при ниски брзини, автомобилот лесно би можел да се изврти поради дисбалансот, а во тие ситуации возачот не би можел да стори нешто за да го спречи тоа.
Зимските гуми секако дека се дополнителен трошок, но тие дефинитивно се добра инвестиција, затоа што во сообраќајот најважна е безбедноста.