Дру Баримор, Зои Дешанел и Ен Хатавеј се само некои од познатите личности што купуваат на старо (second-hand) и не одбиваат да зборуваат за тоа. Тие не го прават тоа затоа што немаат пари или бидејќи изгледот не им е важен (сите знаеме дека ова не е вистина), туку имаат поголеми причини. Еве неколку од нив:
Зошто сè повеќе луѓе купуваат алишта на старо, а тоа не е поврзано само со цената?
1. За користените алишта не се употребуваат нови извори на енергија
Следејќи ја статистиката, за да се произведе количината памук неопходна за да се направи една маичка, потребни се 2.700 литри вода (олку човекот користи во 900 дена). Сега, замислете колку извори се потребни за да се произведат доволно маички, фармерки и други алишта за да се снабдат бутиците во светот. За да добиете претстава, само во Кина се произведуваат 300 милиони фармерки годишно.
2. Овие видови продавници не користат амбалажи за пакување
Ова не е поврзано само со облеката, туку и со секојдневните производи што ги купуваме и играчките. Дали сте забележале дека кога ќе отпакувате една играчка и до неа ги поставите деловите од пакувањето, ќе добиете купче што е речиси поголемо од самата играчка?
Ова е предноста на искористените алишта – не се спакувани.
3. Облеката што се продава во продавниците на старо не ја довалкува планетата
Алиштата што се наоѓаат на полиците во овие продавници добиваат втор живот откако ќе ги купите, наместо да станат само уште едно шрафче во глобалната „машина на отпадоци“.
Само размислете за ова:
Секоја година на планетата се произведуваат материјали за облека што зафаќаат околу 400 милијарди метри квадратни!
60 милијарди од нив се фрлаат веднаш – тоа се малите парчиња што не можат да се искористат.
Останатото се користи за да се произведат околу 80 милијарди парчиња облека.
Една третина од овие се фрла.
Три од четири фрлени парчиња не се рециклираат (често се горат).
Само едно од четири парчиња се реупотребени.
Ова е причина да размислите зошто не треба да ги фрлате алиштата (и предметите). Наместо тоа, најдете ваква продавница во ваша близина и донирајте ги.
4. Не е воопшто „ризично“ како што мислите
Главниот аргумент на луѓето што се против купување стара облека е дека не сакаат на себе да носат алишта веќе носени од некој друг. Ако станува збор за тоа, ние не можеме да знаеме колку различни луѓе ја пробале облеката што ја гледаме по брендираните продавници. Освен тоа, повеќето продавници на стара облека ја дезинфицираат облеката пред да ја постават на полиците. Сепак, и да не го прават тоа, секогаш вие можете да го направите истото откако ќе ја купите.
5. Веќе станува интелигентен тренд
Порано многу таблоиди сакаа да пишуваат колку се скапи алиштата на познатите ѕвезди. Но сега, сѐ почесто новинарите од магазините за мода и убавина го привлекуваат вниманието на читателите со написите за ѕвездите кои практикуваат евтина облека, која е сепак со стил. Ова е така затоа што приоритетите на модата се променети. Пред неколку години беше престиж да се покаже колку заработуваш преку високите цени на гардеробата што ја носиш. Денес, луѓето сакаат да покажат колку се поинтелигентни со тоа што носат едноставни и евтини алишта.
Како што Зои Дешанел еднаш изјави: „Не може да ги купиш најскапите нешта и тоа да го наречеш стил“.
Дали и вие практикувате да купувате облека на старо?