Никогаш не ја потценувајте моќта на сувото грозје, посебно ако го потопите во чаша ладна вода.
Водата го зголемува присуството на минерали и хранливи вредности, подобрувајќи повеќе процеси во телото.
Зошто секое утро треба да ја испиете течноста во која сте потопиле 5 до 10 зрна суво грозје?
Овој пијслак ја подобрува работата на црниот дроб и ви помага полесно да ги исфрлите токсините од телото.
Ако ја практикувате оваа навика на празен стомак, ќе си помогнете да го забрзате метаболизмот.
Ќе почувствувате наплив на енергија, речиси идентична како да изедете 2-3 енергетски плочки.
Енергијата од овој природен извор ќе ве држи подолго време, затоа, се препорачува да ја пиете оваа течност и пред напорен тренинг.
Луѓето кои се навикнати секое утро да ја консумираат водата со суво грозје имаат и понизок крвен притисок, споредбено со оние кои воопшто не консумираат суви овошја.
Со тоа, се намалува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
*Ако имате било каков проблем со црниот дроб, срцето или друг витален орган, задолжително закажете лекарски преглед.
Овој пијалак е само додаток во исхраната и превенција, не очекувајте дека задолжително ќе ви ги реши здравствените проблеми.