Повеќе сингл пријатели, слобода, многу енергија, излегувања и запознавања нови луѓе секојдневно… Пронаоѓањето љубов можеби е полесно во 20-тите, но кога станува збор за квалитетот на самите врски, нештата значително се менуваат во 30-тите. Кога ќе влезете во третата деценија, тогаш почнува нова етапа во вашиот живот што може да ви донесе многу добри нешта, особено во љубовта.
Затоа многумина кажуваат дека пронаоѓањето љубов е многу подобро во 30-тите, како и самото излегување на љубовните состаноци со потенцијалните партнери. Во продолжение ви пренесуваме неколку изјави од момци и девојки во своите 30-тите кои ќе ви докажат дека има вистина во овој факт…
„Имате подобра идеја за тоа што навистина го сакате.“
„Полесно ви е да ја прашате личноста (потенцијалниот партнер) за сè што ве интересира.“
„Сте научиле од своите грешки.“
„Знаете дека не треба да го трошите своето време на нешто што од почетокот не ви изгледа сигурно.“
„Го цените своето време повеќе од кога било порано.“
„Знаете дека не треба да најдете партнер колку ‘само да го имате’.“
„Имате многу повеќе искуство.“
„Не гледате на бившите како ‘грешки’ туку како ‘научени лекции’ и подобро се сфаќате себе.“
„Нештата можат да се движат навистина брзо ако навистина го сакате тоа.“