„Градот кој никогаш не спие“ го знаеме и како „Големото јаболко“, а приказната за тоа како Њујорк го добил овој прекар е постара отколку што мислевте.
Најстариот запис во кој Њујорк се нарекува „Големото јаболко“ датира од 1909 година. Станува збор за книгата на Едвард Мартин „Патникот“, во која ова име се користи метафорично, пишува National Geographic.
Друг документ во кој за Њујорк се вели „Големото јаболко“ доаѓа од спортскиот новинар Џон Фицџералд, кој го прослави овој прекар на 3 мај 1921 година, кога почнал да ја пишува својата колумна.
Во овој случај, Фицџералд алудираше на вообичаената практика во 20-тите години на 20. век – кога маршрутите на трките со коњи во Њујорк беа именувани според овошја, а победникот добивал голема награда – односно големо јаболко.
Според лингвистот и доктор Џералд Коен, ова не е невообичаено дури и за другите видови трки.
„Јаболката имаат големо историско значење. Големите црвени јаболка се сметале за специјалитет. Ова доведе до тоа терминот големо јаболко да се користи за работи што беа ретки“, објаснува тој.
Се верува дека Фицџералд не дошол до идеја да го именува Њујорк по црвеното овошје, но дека идејата потекнува од жител на Њу Орлеанс, кој го посетил Њујорк во 1920 година за да го продаде својот коњ. Три години подоцна, тој го споменува овој настан во неговата колумна „Околу Големото јаболко“, иако е можно самиот настан да е плод на неговата фантазија.
Ова име постепено било усвојувано и користено во „неспортска“ смисла, вклучувајќи ја и познатата песна од 1930 година – „Big Apple“ (Големото јаболко).
Околу 1960 година, употребата на овој прекар почнала да спласнува, но називот повторно влезе во секојдневниот јазик во 70-тите, кога Чарлс Жилет одлучи да го користи прекарот за туристичка кампања. За време на кампањата, Њујорк бил наречен Големото јаболко – најатрактивната дестинација за туристите – а фотографии од големи, црвени, сочни јаболка ги красеа рекламите, што беше спротивно на дотогашниот впечаток од Њујорк – голем, сив и валкан град.