И Али Ахмети е во Косово

Лидерот на ДУИ Али Ахмети е во Косово. Во објава на социјалните мрежи поставена е слика од Ахмети и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети во угостителски објект во Приштина.
„Утринско кафе во Приштина, со лидерот на народот, татковината и албанската нација, мојот пријател Али Ахмети и генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети“, стои во објавата на фејсбук.

Неговиот престој во Приштина е во исто време со Артан Груби, кој пред два дена избега на Косово,  во очекување на одлуката на Кривичен суд за притворот кој за него го бара Обвинителството за инволвираноста во случајот „Лотарија“ во кој е второосомничен.
Првиосомничениот, поранешниот директор на Лотарија на Македонија, Прперим Бајрами исто такана КОсово.
Во случајот Државна лотарија е осомничен и екс премиерот ДИмитар Ковачевски и тогашниот генерален секретар .
Ахмети со пријателите од КОсово го имаат изрежирано моментот, тој за време на посетата на Косово, како почесен граѓанин за албанската кауза  му биде доделен клучот од Приштина, пренесува Економија онлајн.
Ахмети ќе биде примен од градоначалникот на општина Приштина, Запарим Рама, кој ќе му го даде клучот од главниот град.

Пронајдете не на следниве мрежи: