Како што објави грчкиот весник „Катимерини“ споменик на древниот крал Александар Велики е поставен во центарот на Атина, на аголот меѓу улиците “Амалија“ и “Василисис“.
Покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула ова е втора статуа на Александар Велики во Грција. Се работи за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас, а одлуката да се постави споменик на еден од најголемите војсководци во историјата ја донесе градскиот совет на Атина. Споменикот на Александар Велики е висок 3,5 метри, а трошокот за поставувањето бил подмирен од семејството на уметникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.