И Гвардиола дел од НОВАТА АФЕРА- „ПАНДОРА ДОКУМЕНТИ“: Криел пари во времето кога бил тренер на Барселона!

И тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е на листата меѓу шефовите на држави и влади, милијардерите, но и светските музички ѕвезди, кои криеле милиони средства на тајни офшор сметки во даночните раеви.
Како што објави шпанското издание на весникот „Ел Паис“, за време на годините кои Пеп ги помина како главен тренер на Барселона, шпанскиот стратег неколку години поседувал сметки во банка во Андора.
Според изворот, Гвардиола таму криел 500.000 евра од шпанската даночна служба.
Според извори блиски до Гвардиола, тој на овие сметки ги чувал хонорарите добиени од катарскиот клуб Ал-Алхи, за кој играше од 2003 до 2005 година.
Инаку, истрагата објавена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) за таканаречените „Пандора документи“, во која учествувале околу 600 новинари од десетици светски медиуми, вклучувајќи ги „Вашингтон пост“ и „Гардијан“, се темели на протекување на околу 11,9 милиони документи од 14 компании за финансиски услуги ширум светот.
Милионите документи доставени до новинарите откриваат како светските лидери, милијардери и познати личности ги користат даночните раеви.
Меѓу големите риби чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андрехј Бабиш, украинскиот претседател Володомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан….
Банкарските сметки на офшор локациите често пати се користеле за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на даночните обврски.
Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) и 150 медиуми низ целиот свет покажа дека 330 јавни службеници ширум светот се поврзани со офшор сметки.
Меѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.