И денес температури до 42 степени: Еве како да се заштитите!

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени.

УВ=10

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. T= 41°C, P= 979 hPa, U= 25 %, V= 2 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Денес и утре ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

Кога амбиенталниот воздух се приближува или ја надминува нормалната телесна температура од отприлика 36,7°С способноста на човековото тело да се лади слабее. Дополнително, кога релативната влажност на амбиенталниот воздух е висока, потта е уште потешко да испари и следствено и ладењето на телото се отежнува.

Кога телото станува премногу жешко или има проблеми да ја балансира температурата, тоа може да доведе до чувство на слабост, сува уста, вртоглавица, гадење, прекумерно потење, сува кожа, грчеви. Со отежнување на т.н. „сончаница“ може да се појават и следните симптоми и знаци  престанок на потење, екстремно топла кожа, конфузија (зашеметеност), забрзана срцева фреквенција, отежнато дишење, несвестица…

Ранливи групи на населението:

  • Лица над 60 години, бремени жени, деца, социјално ранливи, работници на отворено.
  • Лица со хронични заболувања како што се:
    • Лица со срцево-садови заболувања, белодробни заболувања, бубрежни заболувања, шеќерна болест, ментални заболувања, дебелина и лица под терапија која го зголемува мокрењето (диуретици, некои лекови за епилепсија, Паркинсонова болест итн.).

Се препорачува ранлиците категории на граѓани да не излегуваат од своите домови во периодот од 11 до 18 часот. За сите листа се препорачува пиење на поголеми количини на вода и течности и јадење на лесна храна.

Пронајдете не на следниве мрежи: