Ракометниот клуб Тиквеш го отпушти тренерот Драган Марковиќ, кој требаше да биде замена за Раде Стојановиќ, но не издржа долго на кормилото.
Тиквеш разочара на турнирите во Струга и Прилеп, а Марковиќ на меморијалниот ракометен турнир „Миле Нешкоски“ се појави и со влечки.
Освен што се појави во влечки, екипата на Марковиќ разочара и загуби против вториот тим на Пелистер.
„Ја известуваме ракометната спортска јавност дека Драган Марковиќ повеќе не е тренер на ГРК ТИКВЕШ“, соопшти клубот од Кавадарци.
Фото: Маркукуле