Пејачката и актерка Селена Гомез, од неодамна се „врти“ во модната индустрија, позирајќи за големи брендови како Пума, а сега одлучила да креира и сопствена линија на бикини во која ќе може да уживаат буквално сите жени.
Идејата за нејзината креација е да создаде „пријатни“ кстими за капење кои одговараат на сите облици на тело, а инспирирана е од своите рани кои ѝ останале после операцијата на бубрег.
„Секоја жена сака да се чувствува сексапилно. Секоја жена сака да има висока самодоверба и да се чувствува убаво. Сакав да дизајнирам повеќе различни видови на бикини за секоја жена да може да пронајде нешто за себе од колекцијата“, рекла пејачката.
бики
Додала и дека добро се забавувала додека ги дизајнирала бикините и дека планира да продолжи да се занимава со оваа работа, бидејќи ја исполнува на посебен начин.