Арбен Таравари со „траорен“ Фејсбук статус раскажа дека и тој како и Меџити делел албански буквари во училиштата низ Македонија.
– Кога директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците, г-дин Скендер Хасани го држеше обединетиот албански буквар во раце, ми се чинеше дека тој во рацете држи еден од соништата на Албанците.
Заедно со Валбо Лимани, градоначалникот на општина Гостивар, имаше и амбасадор со посебна симболика за овој настан, г-дин Денион Мејдани, амбасадорот на Албанија.
Отидовме и ја дониравме најважната јазична книга на децата од основното училиште „Исмаил Ќемали“, во Гостивар.
Во нивните очи имаше светлина и радост.
Заедно со Единствениот буквар денеска го предадовме аманетот од повеќевековната историја на нашите предци.
Мајчиниот јазик е идентитет и првородство на секој човек! – напиша Таравари на Фејсбук.