Исповед на едно младо момче за неговата тажна судбина…
„Трагав по место или насока по која ќе можам да породолжам понатаму. Со тек на време се деморализирав од луѓе кои имаат сè, од самото раѓање. Во меѓувреме се обидував да направам толку многу нешта но одново не успеав…. Обидот да и се додворувам на девојка за време на моите средношколски години беше едно од нај катастрофалните нешта што некогаш сум ги направил, бев повреден, но се обидов да продолжам. Лошите дела продолжија да ми се случуваат и во мојата втора година во средно училиште. Стекнав пријатели и несвесно влегов во лошо друштво, без да забележам дека никогаш не ги исполнив очекувањата на моите родители, а уште пострашно, не успеав да ја забележам болеста на мајка ми. Наскоро отидов на колеџ, а работите не се подобруваа. Мајка ми сеуште беше во болница.
Решив да се откажам од колеџ и почнав да барам работа, за да можам да и помогнам и да се грижам за неа.Во тоа време беше тешко да се најде работа, но јас се обидував се додека не се вработив во ресторан за брза храна, каде што после два месеци како разнесувач, ме унапредија во благајник.
Почнав да работам и втора работа со скратено работно време како шанкер во блискиот паб до моето работното место. Животот требаше да се промени на подобро, но тоа беше само почеток на мојата тага.
Две недели подоцна мајка ми почина, татко ми беше на работа во странство, а јас бев скршен, и сосема сам. Плачев со денови откако мајка ми почина. Кратко време потоа, дознав дека сум имал помлад брат во странство. Татко ми го донесе кај нас да студира. Беше премногу фокусиран на него, а мене ме заборави, заборави дека и јас сум негова крв. Како поминуваше времето, единстено моите пријатели беа тука за мене. Одлучија да организираат забава во моја чест, за да се чувствувам подобро. Јас задоцнив на забавата, затоа што работев до касно таа вечер, и не очекував дека ќе налетам на таква атмосфера, мислев дека е само вообичаен пријателски собир. Како што зачекорив внатре се почувствував многу чудно. Мислев дека ќе ја расипам забавата. Сепак, моите пријатели ми пријдоа, ме прегрнаа. Ми покажаа дека дека не сум сосема сам. Во тој миг успеав да почувствувам љубов каква што немав почувствувано одкако мајка ми почина.“Исповед на едно младо момче за неговата тажна судбина…
„Трагав по место и