И Ципрас најде шестмина „независни“ пратеници да гласаат за Договорот од Преспа

Шестмината пратеници потребни за да помине Договорот од Преспа се веќе обезбедени, пишува грчкиот весник „Ефимерида“. Според пишувањата на весникот, начинот на кој ќе се дојде до потребната бројка многу наликува на случувањата во соседната земја.
“Независните“ пратенци доаѓаат од партијата “Независни Грци“, чии лидер Панос Каменос, поднесе оставка бидејќи не се согласува со Договорот од Преспа. Каменос нема контрола врз овие пратеници и се закани дека ќе бидат исклучени од партијата доколку гласаат за Договорот. Прва нивна задача е да гласаат за доверба на Владата. Потоа треба да дадат поддршка за Договорот од Преспа во Парламентот, како и за ратификацијата за членство во НАТО.
Секако, ако ја завршат работата, речиси сите без исклучок ќе бидат наградени за гласањето. Во игра се  министерски и градоначалнички места, или нов мандат на следните избори.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.