Иванка ја нарекуваат миленичка на Трамп: Ретко кој го знае нејзиното вистинско име

Иванка Трамп (43) е ќерка на Доналд Трамп, новиот претседател на САД.

Интересно е што таа воопшто не се вика Иванка. Иако е малку изненадувачки бидејќи никогаш никој не ја викал со друго име. Таа всушност се вика Ивана, како нејзината мајка, првата сопруга на Доналд Трамп. Иванка е нејзиниот прекар, а како што нејзиниот брат Доналд го носи името на нивниот татко, очигледно е дека Ивана Трамп сакала да и го пренесе своето име на својата ќерка.

Иако тогаш никој не обрнуваше премногу внимание на тоа, Иванка во 2010 година објасни зошто ја викаат Иванка.

„Моето вистинско име е Ивана. На чешки, Иванка е прекар за Ивана, како што е Боби за Роберт“, напиша таа тогаш на Икс.

Пронајдете не на следниве мрежи: