Игор Ангелов е еден од можеби најпопуларните актери во моментов на домашната сцена – засега најпознат по улогата на Коста во „Преспав“.
Во текот на вчерашниот ден бевме на попладневно кафе во вториот дом на Игор – Драмскиот театар.
Ангелов ‘на големо’ веќе се подготвува за почетокот на новата сезона на „Преспав“, која ќе почне со снимање на почетокот на следниот месец.
Теми за разговор со актерот има многу, но, по барање на публиката, најголемиот дел од разговорот го посветивме на неговото учество во „Преспав“.