Полициската управа на Нови Сад ја информира јавноста дека се идентификувани седум жртви од несреќата која се случи вчера и дека веднаш по идентификацијата биле известени нивните семејства.
Во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела, соопшти вчера Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Како што се наведува, легитимирани се две женски лица – А.Р. (2004) и А.Ќ.С. (1989) и петмина машки жртви – Х.С. (1997), М.М. (2003), Ш.Ѓ. (1947), Р.В. (1955) и С.В. (1979).