Идеја за ручек: Спој од шпагети болоњезе и макарони со кашкавал

За ручек послужете неверојатно вкусна комбинација од двата светски популарни рецепти – макарони со кашкавал и болоњезе сос.

Италијанската паста може да се прави со најразлични сосови, а секој има некој сопствен трик како да ја направи повкусна. Најпознати рецепти меѓу паста специјалитетите се италијанските шпагети болоњезе (spaghetti bolognese) и американските макарони со кашкавал (mac and cheese), а ние ви предлагаме да направите комбинација од двете. Ќе добиете совршени макарони на кои никој нема да може да одолее, а ќе извалкате само едно тенџере.

Потребни состојки:
500 гр макарони
450 гр мелено месо
1 шолја павлака за готвење
1 конзерва сечклан пелат
1 шолја рендар чедар
1 помала главица кромид
1 лажичка паста од лук
1 лажица сечкан магдонос
1 лажичка италијански зачин
1 лажичка кромид во прав
250 мл пилешки булјон
2 лажици доматна паста
масло
сол
бибер

Подготовка:
Во тенџере со малку масло пропржете го меленото месо, па додадете го ситно исечканиот кромид. Кога месото и кромидот ќе бидат готови, додадете ја пастата од лук, како и пелатот. Добро измешајте. Посолете и побиберете, а потоа посипете со италијански зачини, како и лук и кромид во прав. Промешајте, истурете 200 мл булјон, па додадете ја павлаката за готвење. Сè убаво измешајте, па додадете ги макароните и повторно измешајте. Течноста мора да ги покрие тестенините, ако не, додадете уште малку булјон. Покријте и динстајте на средна температура околу 15-20 минути. Ако макароните не се готови, додадете уште малку булјон (50 мл) и динстајте уште неколку минути. Потоа додадете го ренданиот кашкавал и мешајте додека не се растопи. Исклучете го шпоретот и посипете ги макароните со сечкан магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.