Изборите во Истли удар за британскиот премиер Камерон

Либералните демократи победија на предвремените парламентарни избори во изборната единици во Истли во јужна Англија, нанесувајќи му тежок пораз на британскиот премиер Дејвид Камерон чијашто конзервативна партија го зазема дури третото мести зад националистичката партија UKIP.

 Кандидатот на либералните демократи, Мајк Торнтон освоил 13.342 гласа и го задржа пратеничкото место за својата партија. Второто место го освои претставничката на националистичката UKIP со 11.571 освоени гласов, додека кандидатката на конзервативците се пласираше на третото место со 10.559 гласови, а лабуристите беа само четврти со освоени 4.088 гласови.
До делумните парламентарни избори дојде откако оставка поднесе поранешниот либерален демократски министер Крис Хан, кој е кривично гонет поради давање лажен исказ откако на својата сопруга и' го препишал прекумерно брзото возење што самиот го сторил.
Иако на делумните парламентарни избори се соочија 14 кандидати, тоа претставуваше, како што смета челникот на либералните демократи, Ник Клег, „трка на два коња” меѓу неговата партија и конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон со којашто се инаку партнери во владејачката коалиција.
Партијата UKIP, којашто е ориентирана националистички, антиимигрантски и антиевропски, го освои второто место искористувајќи го разочарувањето меѓу гласачите. Конзервативен функционер непосредно пред гласањето изјави дека поразот на конзервативците од UKIP, би претставувал „криза”.
Изборите во изборната единици Истли, сепак, не го одразуваат расположението на вкупното гласачко тело на национално ниво, каде што најпопуларни се опозициските лабуристи, додека либералните демократи се на трето или четврто место.
Макфакс
Либералните демократи победија на предвремените парламентарни избори во изборната единици во Истли во јужна Англија, н

Пронајдете не на следниве мрежи: