Изваден најголемиот камен во бубрег во светот, тежок 801 грам

Воени лекари во Шри Ланка го отстраниле најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот при операција на пензиониран војник, соопшти Армијата.

Камењата во бубрезите се создаваат со таложење минерални соли во бубрегот, орган којшто треба ја прочистува крвта.
На 62-годишниот поранешен подофицер му бил отстранет камен од бубрег тежок 801 грам, а тоа е, според наводите, над пет пати поголема маса од онаа на просечен машки бубрег. Каменот бил долг 13,37 цм, а просечниот бубрег е долг од 10 до 12 цм.

Изваден најголемиот камен во бубрег во светот, тежок 801 грам

-Најголемиот и најтешкиот камен во бубрег во светот беше хируршки отстранет на 1 јуни во воената болница во Коломбо“, се вели во соопштението на војската.
Воениот пензионер за тамошните медиуми изјавил дека боледувал од стомачни болки од 2020 година. Рекордот сега е официјално признат и од Гинисовата книга на рекорди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.