Три дена откако приватните истражувачи го пронајдоа авионот на фудбалерот Емилијано Сала, англиските медиуми експресно ја објавија веста дека доцна вчера било извлечено едно тело од авионот кој е потонат длабоко во морето.
Приватната агенција за истраги и несреќи објави дека телото не се знае во моментов дали е на фудбалерот или пак на пилотот Дејвид Ибботсон и е предадено на обдукција.
Sala plane crash: unidentified body recovered from wreckage. https://t.co/iVDSGfUQzV #sala #EmilianoSala #guernsey pic.twitter.com/Zo2D6T8dI9
— Guernsey Press (@GuernseyPress) February 7, 2019
Од истражувачката агенција се пренесува дека условите за спроведување на акцијата биле навистина отежнати, но и покрај тоа, биле вложени максимални напори поради кои телото било извлечено со специјален подводен уред. Поради лошите временски услови и лошата прогноза во наредните денови, во објавата се надополнува дека оклопот на авионот може и никогаш да не биде извлечен од дното, а дополнителен повод за тоа секако може да биде и фактот што нема трага од друго тело во близина на потопеното летало.
Сепак, најважна вест е тоа што операцијата за извлекување на телото била извршена успешно, па во овој момент се работи за разрешување на единствената непозната од оваа акција, односно идентификација на трупот.
Извлеченото тело е пренесено на Островот Портланд, а по работата која им престои на форензичарите, во најбрз можен рок се очекуваат и резултати од идентификацијата.