Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина во вторник и изгласа недоверба на ентитетската влада.
Истовремено, беа изгласани и неколку одлуки со кои на владата, додека таа е во технички мандат, и се ограничуваат овластувањата и и се оневозможува донесување на важни финансиски одлуки, како и одлучување за именување на членови во управните одбори на јавните претпријатија.
За изгласување на недоверба гласаа 58 од 98 пратеници, колку што ги има во Претставничкиот дом.
За да стане одлуката за недоверба на владата правосилна, мора да ја потврди и Домот на народите кој би требало да расправа до крајот на неделата.
Макфакс
Претставничкиот дом на парламентот на Федерацијата на Босна и Херцеговина во вторник и изгласа недоверба на ентитетската вл