Изложба на архитектонски студија ИАС’23






Во просториите на Архитектонскиот Факултет при Уким беше отворена изложбата на архитектонските студија ИАС/23.

Станува збор за традиционална изложба на која пред стручната и пошироката јавност се претствени студентските проекти и работа на новите генерации архитекти, кои се дел од Архитектонскиот факултет во Скопје. 

Изложбата на архитектонски студија ИАС’23  ги обедини студентите, професорите, и љубителите на архитектурата и овозможува преку  прикажаните проекти да се запознаеме со визиите, талентот и креативноста на младите архитекти, но и со  најновите тенденции и предизвици во областа на архитектурата.

Проектите на младите архитекти ја презентираат новата сила во оваа област.

„Вложувањето во студентите  е долгорочен и стратешки интерес на секоја земја и секое модерно општество, а  изложбата е потврда и показател за квалитетниот млад потенцијал со кој располага нашата земја, која има традиција во создавањето  на кадар кој во иднина ќе претставува препознатлив белег на нашиот културен мозаик  и во земјата, и надвор од неа“, истакна Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, која ја посети изложбата.

– Реклама –








Пронајдете не на следниве мрежи: