Измамникот Тале го контактирал адвокатот кој се закани дека ќе го гони за измама. Го молел да го сослуша

По вчерашната вест која ја шокираше јавноста, дека Тале Витанов кој се претставуваше како самохран татко на две малолетни деца, всушност бил измамник.

По тој повод се огласи и адвокатот Јанаки Митровски, кој посочи дека би го гонел измамникот и јавно праша кој од оние кои донирале се согласуваат со него.

По извесно време Јанаки ја извести јавноста дека добил повик од Тале кој воедно му посочил дека тоа што го прави не му личи бидејќи бил адвокат и побарал од него да го сослуша.

И со цел памет Трајче коцкарот ми се јави. Не ме личело, адвокат сум бил.
– Може ли да ме сослушаш?
– НЕ!, стои во објавата на адвокатот Јанаки.

Во коментарите под објавата на адвокатот има и такви кои го обвинуваа дека не гони политичари и поголеми измамници.

Да потсетиме, водителката и инфлуенсерка Миа Костова вчера ја сподели веста дека Тале е измамник.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.