Во периодот од 10 до 17 февруари жичницата од врв на Водно ја користеле 3542
граѓани, додека од нив 2590 граѓани за време на викендот. Ова говори дека е голем
интересот на скопјани за возење со жичницата од нејзиното реактивирање.
Жичницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно
Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември до
март жичницата работи секој ден, освен понеделник и последниот вторник во
месецот од 10 до 17 часот, кога е затворена поради сервисирање.
За возење во жичницата важат протоколите за заштита од Ковид 19, во кабина се
дозволува превоз на максимум 4 лица. Кабините се дезинфицираат трипати во
текот на денот.
За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на
домашно милениче, куче со мал/среден раст, а дозволен е и превоз на куче-
придружник на лицата со попреченост.
До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии, бројот 25 од Транспортен
центар до Средно Водно сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите
25А од Автомакедонија до Средно Водно и 25Б од Дом на печат до Средно Водно,
кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на
викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие
три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на jsp.com.mk интернет
страницата на ЈСП Скопје.