Изолацијата за некои луѓе е застрашувачка и може да предизвика анксиозност, совети од филозоф

Изолацијата и неможноста за движење на луѓето предизвикана од корнавирусот кој го погоди целиот свет го зголемува нивото на стрес и поттикнува анксиозност и претерано размислување.
Наметнатата самотија може да се преброди ако ја промениме перспективата и увидиме како таа во моментот е поценета од дружењето. Самотијата во овој момент е пожелна бидејќи бара одговорност кон себе и кон блиските.
За некои луѓе пожелно е да бидат сами па некои од нас се родени како интроверти кои ги посакуваат мирот и тишината на осамата. Меѓутоа, тоа не е случај со сите.
Филозофот и книжевник Ален де Ботон, чии дела се опишуваат како „филозофија на секојдневниот живот“, во разговор со новинарката Франческа Спектра објасни дека на многу луѓе идејата да бидат сами е застрашувачка.


Ужасно е бидејќи ви се заканува опаснот да налетата на низа информации кои на еден или на друг начин бара болка. Болка во тагата, болка во потрагата да се преземе акција, болка во спознанието дека живот е она што сакате да биде, открива де Ботон.
Меѓутоа, како што вели, постојат начини на кои можеме да ја олесниме својата нелагодност предизвикана од тие чувства.
Не можеме да ги прекинеме мислите што лутаат насекаде, ама можеби клучот е во постигнување мир во промената на идеите за тоа што значи да се поминува време сам со себе. Понекогаш не мачат мисли дека сите други добро се забавуваат. Сега навистина можеме да истражиме што навистина лежи во тоа и што всушност, значи, вели тој.
Друга песпектива
Дружењето и заедништвото се, со добра забава, висико на листите на вредности на бројни поединци. Но, де Ботон истакнува дека во лошо друштво можеме да се чувствуваме многу посами отколку кога сме сами“, бидејќи тоа многу не потсетува на „она што иделано би го сакале од друга личност, а не е достапно.
Идејата дека сме сами добива поинакво значење кога постојано не потсетуваат на заедништвото на другите луѓе. Со оглед на тоа дека јавните собири и случувања се откажани, глобално се менува перцепцијата за тоа што значи да „се биде сам“.
Во овие моменти тоа е пожелна категорија која се поврзува со одговорноста кон себеси и блиските. Истовремено, знаејќи дека не сме единствени во оваа ситуација чувствуваме поврзаност и солидарност кон другите. Промената на перцепцијата доведува до тоа повеќе да не се плашиме дека нешто ќе пропуштиме туку ни создава радост и чувство на самоисполнетост.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.