Изработено најголемото велигденско јајце во Македонија од учениците на СОУ,, Гошо Викентиев”

Учениците од машинскиот актив под менторство на професорот Ивица Јорданов, по повод велигденските празници изработија велигденско јајце повисоко од 3 метра и со тежина од над 200 килограми што го прави најголемо во Република Македонија.

Јајцето е поставено во градскиот парк во склоп на Велигденскиот хепенинг ,,Сподели радост” и ќе биде прекрасен украс за време на најголемиот христијански празник во годината.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.